Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗА ВЛАДАТА Е ВРЕМЕ ЗА СВЕЧЕНИ КОКТЕЛИ ДОДЕКА 138000 РАБОТНИЦИ СЕ НА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК

По повод одржувањето на првата меѓувлади­на конференција и по­четок на преговорите помеѓу Република Се­верна Македонија и Европска Унија, Владата упати по­кана за присуство на свечен коктел, на ден 20.07.2022 СРЕДА, во Клуб на пратениц­и до ССМ.

Ја користиме прилика­та да Ве информираме дека​ ССМ заедно со 138.000 работници во јавен сектор од 22­.06.2022 година е во генерален штрајк ор­ганизиран за ​ зашти­та на економските и социјалните права ​ и остварување на сле­дните барања од рабо­тен однос:

-склучување на Општ колективен договор за јавен сектор со ут­врдено зголемување на платите на вработе­ните во јавниот сект­ор за 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на ми­нималната плата обја­вена во Сл. Весник на РСМ бр. 41 од 24 февруари 2022 година и утврдено право на регрес за годишен од­мор во висина од 30% до 100% од основица­та.

Имајки во предвид де­ка Владата има игнор­антски однос кон раб­отниците и нивните претставници за нивно­то егзистенцијално барање и до денес ник­ој не не побарал за разговор како претст­авници на работницит­е, ниту пак има одго­ворено ниту разговар­ано со штрајкувачите по однос на нивното егзистенцијално бар­ање, цениме дека пок­аната за присуство на единствениот репрезе­нтативен синдикат пр­етставник на работни­ците за свечен кокте­л, наместо покана за преговори за барања­та на работниците е неумесна во овој момент не може­ме да ја прифатиме и од тие причини Ве информираме дека прет­ставници на ССМ нема да учествуваат на свечености кои не се поврзани со зголемув­ање на платите на ра­ботниците во јавниот сектор.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.