- Македонски
- English
Разликата меѓу просечната нето-плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари, односно толку пари недостигаат за да може минимум нормално да живеее едно четиричлено семејство со просечна плата, ако има само еден вработен. Лани, односно во 2021 година таа разлика изнесувала многу помалку и била 5.436 денари, во 2020 година изнесувала 6.925 денари, во 2019 година 7.816 денари.
Порталот „Пари“ направи анализа за 5 години наназад колкав дел од синдикалната кошница се покривала со една просечна нето-плата. Податоците покажуваат дека со една просечна нето-плата никогаш не се покривале трошоците од синдикалната кошница, што значи дека ако има само еден вработен во едно четиричлено семејство, дури и тоа да има сопствен стан, односно да не плаќа кирија и да нема возило, затоа што тоа не е земено во предвид во синдикалната кошница, семјството не може ниту минимум да се прехрани, ниту пак да одржува неопходна хигена со најевтините средства земени во пресметката на синдикалната кошница.
Повеќе можете да прочитате на линкот:
https://pari.com.mk/pari-analizira-kolku-realno-vredi/?fbclid=IwAR0M34Q_...