- Македонски
- English
Советот, Претседателството и Надзорниот одбор на Сојузот на синдикатите на Македонија одржаа заедничка седница на која се дискутираше за активностите на ССМ и синдикатите здружени во ССМ во 2024 година, како и за плановите за наредната 2025 година.
За Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) оваа 2024 година беше особено значајна и содржеше голем број на предизвици, постигнатото е на задоволително ниво, а постапките кои сме ги трасирале и започнале како ССМ ќе се реализираат наредната година и се во насока на остварување, заштита и унапредување на работничките права, беше заеднича констатација на членовите на највисокоти раководство на ССМ.
Истовремено, се дискутираше и за актуелните состојби, а беа утврдени активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија кои ќе бидат спроведени во наредната 2025 година.
Членовите на Советот, Претседателството и Надзорниот одбор на Сојузот на синдикатите на Македонија даваат безрезервна поддршка на борбата за зачувување и унапредување на работничките права.
Борбата продолжува !