- Македонски
- English

Демократскиот сојуз го поддржува барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и ја охрабрува Владата што побрзо да донесе измени на Законот за минимална плата.
Од Демократскиот сојуз истакнуваат и дека за нив отсекогаш врвен приоритет е подобрувањето на стандардот на граѓаните, како основен предуслов за раздвижување на сите позитивни процеси во државата, посебно на економскиот развој и зголемувањето на продуктивноста. Ниските плати не ги мотивираат вработените, негативно влијаат на продуктивноста, иновациите, поради што и младите и креативни кадри заминуваат во странство.
ССМ укажува дека работниците добиваат се поголема и повеќе од потребна поддршка во Собранието, а се со цел унапредување на работнички права и остварување на правото на достоинствена плата со зголемување на минималната плата со кое спирално ќе се зголемат останатите плати .
ССМ го поздравува пристапот на отворена поддршка со која и Демократскиот сојуз ќе го предложи до Собранието предлог законот на ССМ поднесен во декември за зголемување на минималната плата и дека работниците ќе го ценат придонесот на пратениците кои им подаваат рака кога им е најтешко.
ССМ уште еднаш укажува дека во услови кога ниту најголемиот пораст на минималната плата во 2017 година не го загрозил стопанството – односно фирмите не отпуштале работници, не ги намалувале платите, ниту пак им се намалил профитот- туку напротив ја зголемиле продуктивноста и профитот, очекуваме и другите партии и пратеници во парламентот да го следат примерот и да го сторат истото веднаш и да покажат дека се за работниците и за граѓаните.
Линк од објавата: