Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА НА ССМ ПОДДРЖАН ОД ЛЕВИЦА ВО ПАРЛАМЕНТОТ

Барањето на ССМ, пратениците да го поддржат и предложат предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата со кој минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари и спирално ќе се зголемат останатите плати почнува да ја добива потребната поддршка во Собранието.

ССМ ја поздравува одлуката на Партијата Левица која го предложи до Собранието предлог законот на ССМ поднесен во декември за зголемување на минималната плата.

Во услови кога ниту најголемиот пораст на минималната плата во 2017 година не го загрозил стопанството – односно фирмите не отпуштале работници, не ги намалувале платите, ниту пак им се намалил профитот- туку напротив ја зголемиле продуктивноста и профитот, очекуваме и другите партии и пратеници во парламентот да го следат примерот и да го сторат истото веднаш и да покажат дека се за работниците и за граѓаните.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.