Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗАПОЧНА ИСПЛАТАТА НА К-15 ВО ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ

Како што беше договорено на состанокот помеѓу синдикатот СГИП при ССМ со директорот на ЈП Национални шуми, деновиве започна исплатата на регресот за годишен одмор за вработените кој на сите вработени ќе им биде исплатен до крајот на месецот.

Исплатата на регресот за годишен одмор е обезбедена од страна на директорот од сопствени средства на претпријатието и истата се случува за прв пат после многу години.

Социјалниот дијалог дава резултати и во наредниот период ќе продолжат разговорите и за останатите прашања кои се од интерес за работниците.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.