Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗАПОЧНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА БАРАЊАТА НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ

ЗАПОЧНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА БАРАЊАТА НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ

Одржан првиот состанок на работните групи од Синдикатот на УПОЗ и Владата на Р. Македонија, со цел изнаоѓање решенија за барањата на вработените во јавните обвинителства и судовите, истакнати во актуелниот штрајк во обвинителствата и протестите во судовите.

На овој состанок претставниците на Синдикатот на УПОЗ ги истакнаа барањата на вработените и истовремено ги запознаа претставниците на Владата со висината на платите, обемот на работа, одговорностите и ризикот кој го имаат вработените во судовите и обвинителствата.

Беше побарано преговорите да завршат во рок од 10 работни дена, во кој рок претставниците на Владата треба да понудат висина и начин за решавање на барањата на Синдикатот на УПОЗ.

Поради обезбедување на дополнителни податоци, кои беа побарани од претставниците на Владата, преговорите ќе продолжат наредната недела за кога очекуваме Владата да даде конкретна понуда решавање на барањата на Синдикатот на УПОЗ.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, по средбата во Владата го истакна следното:

„Одговор на нашите барања конкретен не добивме. Очекуваме тоа да биде наредната недела и кога ќе добиеме понуда, таа ќе ја пренесеме на нашето членство кое ќе одлучи понатаму дали ќе ја прифати или не и дали ќе продолжиме со штрајкот“.

Додека да добијат конкретен предлог, Деаноски вели дека штрајкот ќе продолжи и оти ќе се работат само итните предмети.

„Се договоривме наредната недела да се достават уште неколку податоци, особено за судовите. Тоа ќе го направи Министерството за финансии. Ќе се сретнеме во вторник или во среда уште еднаш за да видиме дали од спротивната страна ќе добиеме конкретна понуда за нашите барања“ - нагласи Деаноски и додаде дека побарале разговорите да завршат за десетина дена.

Синдикат на УПОЗ / Sindikat na UPOZ

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2023 | Сите права се задржани.