Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Запознавање на bwi со активностите во шумарството

29.03.2012

Информирање на експертите на BWI за проектите на Синдикатот
Информирање на експертите на BWI за проектите на Синдикатот

Во склоп на денешниот ангажман со Синдикатот СГИП претставниците на BWI остварија средба со претседателот на ССМ м-р Живко Митревски, кој е и претседател на Синдикатот на работниоците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика.

Митревски ги информира гостите од BWI дека на 24 април ќе се одржи Вториот Конгрес на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика. Мурие и Реџеповиќ најавија присуство на конгресот, со тоа што изразија желба да ги посетат работниците во едно од претпријатијата кои членуваат во Синдикатот за шумарство.

Во гранскиот колективен договор се регулирани работните права во поширок обем отколку што се во Општиот колективен договор за јавниот сектор, и тоа посебно во делот на платите, надоместоците и заштитата при работа, информираше Митревски.

Синдикатот за шумарство, дрвна индустрија и енергетика учествува во сертификацијата на шумите, за што се контактира со специјализирана институција од Чешка. Покрај другото и Владата во својата агенда за оваа година има вклучено проект за сертификацијата на шумите.

Претставниците на BWI беа информирани за изменетата структура во двете гранки, како и одразот врз членството. Додека дејноста шумарство е организирана и  синдикалното членство е компактно, во дрвната индустрија настана процес на исчезнување на големите комбинати и на создавање мали, претежно семејни компании. Вработените во малите компании потешко се одлучуваат за зачленување, но се прават напори и во тој правец.

Претседателот Митревски во главни црти информираше за општите социоекономски услови во Република Македонија.

Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање се полноправни членки на BWI – Меѓународниот синдикат за градежништво и шумарство.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.