Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ Е НАЈВАЖНО

Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите работодавачи, во услови кога целата територија на државата е зафатена со температури и до 41 степен, температури од жолта (алертна) фаза, да ги почитуваат мерките предвидени со Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

Работодавачите во приватниот и во јавниот сектор и институциите доследно да се придржуваат до спроведувањето на мерките предвидени во Фаза 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030, односно:

- Јавни комуникации и информирање, Министерството за здравство, во координација со УХМР и ИЈЗ, редовно да информира за состојбата со топлотниот бран.

- Активирање на планови за вонредни услови, сите здравствени установи, установи за згрижување на стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

- Работни услови и заштита на работниците, да се разгледа можноста за:

Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина;

Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо;

Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно Акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку;

Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, доколку работодавецот не е во можност да создаде соодветни микроклиматски услови за работа.

-Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на директна топлина;

-Здравствените, образовните и социјалните установи да постапат согласно плановите за вонредни состојби, да го ротираат персоналот, и да обезбедат климатизирани простории за пациентите и вработените;

-Центрите за социјална работа, локалната самоуправа и Црвениот крст да ја интензивираат теренската поддршка за осамени, стари и бездомни лица;

-Образовните установи и градинките да избегнуваат активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

-Работодавачите да обезбедат соодветни услови за работа (температура до 25°C) и по можност да применат онлајн работа или флексибилно работно време;

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2025 | Сите права се задржани.