- Македонски
- English
Потпишувањето на новиот Општ колективен договор за јавен сектор од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија носи многу придобивки за работниците во јавниот сектор, а особено за работниците во здравството.
Во член 5, став 2 во Општиот колективен договор за јавен сектор е предвидено дека ,,Со колективен договор на ниво на сектор, оддел или група, односно на ниво на работодавач и со договор за вработување или решение, не можат да се определат понеповолни права од правата утврдени со закон и овој колективен договор, а ако се определени, тие одредби се сметаат за ништовни и се применуваат одредбите од овој колективен договор и од закон"
Ваквата одредба овозможува правата од работен однос на вработените во јавен сектор доколку се уренедни како понеповолни за работниците во грански или во колективен договор на ниво на работодавач да не се применуваат таквите одредби и дирекно да се применуваат одредбите од Оптшиот колективен договор за јавен сектор.
На овој начин, вработените во здравството добиваат повисоки проценти во делот на додатоците на плата па така основната бруто плата на работникот во здравството се зголемува по час и тоа за
прекувремена работа од 29% на 35% или се зголемува за 6%
работа во три смени од 4% на 5% или се зголемува за 1%
за работа во денови на празници утврдени со Закон работникот има право на додаток
на платата што му припаѓа кога тие денови не работни и плата за поминати часови на
работа зголемени за од 42% на 50% или зголемување за 8%.
Ова значи дека вработените во здравството покрај дополнителното зголемување на платите од 10% утврдено со Општиот колективен договор за јавен сектор и правото на регрес за годишен одмор кој за 2023 година изнесува 10.000 денари, добиваат значително зголемување по основ на зголемувањето на додатоците на плата.
Вработените во здравството дополнително добиваат и загарантирано право на јубилејни награди.
Јубилејните награди се исплаќаат за непрекината работа кај ист работодавач за најмалку 10, 20, 30 и 40 години работен стаж во висина од најмалку
50% од просечната нето плата во Републиката во претходната година за 10 години стаж;
100% од просечната нето плата во Републиката во претходната година 20 години стаж;
150% од просечната нето плата во Републиката во претходната година за 30 години стаж и
200 % од просечната нето плата во Републиката во претходната година за 40 години стаж.
Најважно е тоа што со колективен договор на ниво на сектор, оддел или група, односно на ниво на работодавач и со договор за вработување или решение, можат да се утврдат поповолни права од правата утврдени со закон и колективен договор, ако тоа не е во спротивност со закон и овој колективен договор па очекувањата се преку гранскиот колективен договор и колективните договори на ниво на работодавач, вака утврдените права да се подобрат и унапредат во уште поповолни за работниците во здравството.