Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВО БАРА САМОСТОЈНИОТ СИНДИКАТ ЗА ЗДРАВСТВО ПРИ ССМ

Зголемување на платите бара Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија. Иако во јавниот здравствен сектор има околу 21 илјада вработени, тие се поделени во 8 категории. За првата половина од нив, се преговара со властите за тоа како да се пресмета зголемувањето на платите. Раководството на овој Синдикат и претседателот Љубиша Каранфиловски вчера одржаа средба со претставници на Фондот за здравствено осигурување, на која се разговараше за коефициентот на плати, така што меѓу овие категории на хигиенски персонал, технички персонал, возачи на брза помош, медицински сестри и лекари да нема незадоволство во усогласувањето на платите.

Согласно методологијата предложена од Самостојниот Синдикат за здравство, се бара зголемување до третата група на сложеност за 3.494 денари и со таков сооднос да претрпат и останатите коефициент по основ над оваа минимална плата и за секоја категорија ќе има зголемување врз основа на коефициентот од 2.111 единици и разликата ќе биде прифатлива, а имаат и втора методологија за 4.481 денар по основ на корекцијата на сите останати коефициенти за што се водат преговори.

Во наредните денови се очекуваат нови средби на лидерите на овој синдикат со работната група за усогласување на коефициентите на сложеност. Тие се надеваат дека ќе најдат решение преку дијалог за да го избегнат планираниот протест во септември.

Како Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита остануваме доследни во делот на барањата за одредени корекции бидејки во овој момент за нас е недозволиво до 5 група на сложеност сите да ја земаат таа минимална плата истакна д-р Љубиша Каранфиловски, Претседател на Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија.

Согласно новиот Општ колективен договор со септемвриската плата, сите вработени во јавниот сектор како и вработените во здравството ќе добијат дополнително 10% зголемување на платата, а регрес за годишниот одмор познат како К-15 ќе добијат 10.000 денари. Во секторот јавно здравство, почнувајќи од хигиенскиот кадар, ќе има зголемување од најмалку 2.175 денари, а докторите специјалисти ќе добијат зголемување од 7.700 денари, додека специјалистите во државните клиники ќе добијат дополнителни 9.000 денари. Потсетуваме дека Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита беше меѓу најгласните во текот на преговорите во Економско социјалниот совет за зголемување на платите во јавниот сектор и цврсто порачаа дека доколку не се исполнат нивните барања, може да стапат во генерален штрајк.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2023 | Сите права се задржани.