- Македонски
- English

Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија на Четвртата седница, одржана на 24 јануари 2011 година, зазеде став дека синдикалните организации не треба да се задолжуваат со плаќање на радиодифузната такса.
Имено, Јавното претпријатие “Македонска радиотелевизија“ деновиве доставува решенија за наплата на радиодифузната такса од синдикалните организации.
Аргументите со кои се бара изземање на синдикалните организации се објавени на истиов Веб портал, на 24.01.2011, под наслов “ССМ СМЕТА ДЕКА СИНДИКАЛНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НЕ ТРЕБА ДА ПЛАЌААТ РАДИОДИФУЗНА ТАКСА“.
Со цел да им помогне на синдикалните организации Претседателството одлучи на сопствениот портал да објави образец - примерок од жалба, која синдикалните организации можат да ја достават до ЈП “МРТВ“.
Бидејќи според правната поука во решенијата може да се достави жалба во рок од 15 дена, остануваат два до три дена за поднесување жалба.
Образецот - примерок од жалбата можете да преземете
овде .