Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

АКО БАРГАЛА АД ШТИП НЕ ГИ ИСПЛАТИ 3те ПЛАТИ НА РАБОТНИЦИТЕ, ПО НИВЕН ПРЕДЛОГ ССМ ЌЕ ПОБАРА СТЕЧАЈ ЗА КОМПАНИЈАТА

Денеска Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и Претседателот на СТКЧ Љупчо Радовски застанаа рамо до рамо со текстилните работници од БАРГАЛА АД Штип за нивните проблеми и нивните работнички права.

Поради тоа што газдата не ја почитува спогодбата која беше потпишана со ССМ и СТКЧ, поради тоа што сеуште ја нема платено платата за септември 2020 година како и платата за април 2021 година, ССМ поднесе поединечни пријави за сите работници за газдата да биде санкциониран за секој работник поединечно, а ССМ доколку тоа го побараат работниците ќе поднесе и тужби за наплата на платите по судски пат.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски на работниците им укажа дека доколку продолжи ваквиот однос од страна на таквиот газда кој ги остава работниците на работ на егзистенцијата, поради тоа што не сака да ги исплати платите и не го вреднува трудот на работниците, на 15 јуни повторно ќе се одржи средба, а работниците доколку одлучат, ССМ ќе покрене стечајна постапка и на таков начин од капиталот на газдата ќе ги наплати побарувањата на работниците.

Ако работодавачот не сака да сподели од капиталот со работниците, тогаш работниците ќе го споделат капиталот на газдата преку стечај.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.