Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Апел за имунизација на работниците

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) укажува на сериозноста на зголемениот број на пријави од работници дека несовесните работодавачи ги попречуваат да се вакцинираат во термините кои им се определени во работните денови или пак денот за имунизација на работниците им се третира како неплатено отсуство.

Сето ова ги дестимулира работниците да се имунизираат, а со тоа се загрозува животот и здравјето на работниците, но и се попречуваат мерките на Владата за масовна имунизација на населението како единствен излез од здравствената криза и можност за постепено враќање на сите функции на општеството и државата.

Сведоци сме дека во државите во нашето окружување се воведуваат финансиски и други погодности за мотивирање на населението за имунизација, а според податоците со кои располага ССМ дел работодавачи во нашата држава ги дестимулираат работниците, а со тоа постапуваат и спротивно на мерките и активностите на Владата за сузбивање и завршување на здравствената криза.

Апелираме надлежните државни и инспекциски органи да преземат енергични мерки за санкционирање на несовесните работодавачи кои на овој начин прават повреда на законските одредби и државните стратегии и планови за имунизација на населението и излез од кризата.

Бараме Комисијата за заразни болести во најкус можен рок да препорача до Владата да се донесат соодветни протоколи за задолжително платено отсуство од работа за работниците на денот на  имунизација, како и за деновите во кои работниците кои имале здравствени  реакција на имунизацијата  треба да бидат на платено отсуство од работа согласно мислењето на матичен лекар.

Апелираме до работниците, да ги пријавуваат несовесните работодавачи до ССМ на телефонскиот број 070 818 878 или на мејлот: prijavi@ssm.org.mk, како и преку новата мобилна апликација: ССМ- мои работнички права.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.