Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Честит 8ми Март, Меѓународен ден на жената

НА СУПЕРХЕРОЈКИ НЕ ИМ ТРЕБА САМО ЦВЕЌЕ И ФАЛА, ИМ ТРЕБААТ РАБОТНИЧКИ ПРАВА!!!

Изминатата година, највеќе поради пандемијата предизвикана од Ковид-19, жените работнички беа изложени на  работа во специфични услови за работа, на незаконско намалување на платите, на отпуштања, на притисоци и вознемирување ( мобинг) на работно место.

ССМ, заедно со своите партнери од Светската и Европската конфедерација на синдикати, повторно упатува апел до Владата да ја ратификува Конвенција на МОТ C-190 за спречување насилство и вознемирување во светот на работата и која ги заштитува работниците и другите лица во светот на работата.

Работодавачите и Владата треба да прават повеќе за да го спречат насилството и вознемирувањето на жените на работа, дома или било каде!

Истовремено, жените се соочени и со малата застапеност кај законодавците, функционерите и на раководните позиции, а кога жените наоѓаат вработување нивната плата е пониска од платата на мажите, што не соодветствува со нивото на образование на жените, додека јазот на платите е најзастапен кај нискоквалификуваните жени, па поради тоа потребно е да се обезбеди рамноправно учество на жените во капиталот, во економскиот, социјалниот, политичкиот и културниот живот.

Го користиме Меѓународниот ден на жената, 8ми Март, само да потсетиме на проблемите со кои се соочуваат жените,  а како ССМ, во текот на изминатата година работевме и продолжуваме да работиме за да ги заштитиме нашите колешки, сограѓанки и нивните работнички права.

На жените местото им е во синдикат, Здружени со иста цел!

Честит 8ми Март, Меѓународен ден на жената!

Со почит,

Сојуз на синдикатите на Македонија

Претседател,

м-р Дарко Димовски

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.