Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТНИЦИ

По повод 20 јуни, Денот на градежните работници, Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Р.Македонија - СГИП, го честита празникот на сите градежни работници во нашата Држава.

Честитка по повод денот на градежните работници до СГИП и до сите градежни работници, упатува и Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски.

Во 1936 година со штрајкот почнува синдикалното организирање на градежните работници, кои ги формираат првите тела и органи. Како нивен синдикат пред нас е голема историска одговорност за продолжување на заштитата на работниците.

Нашите темелни цели се постојани иницијативи за подобрување на положбата на вработените во градежниот сектор, повисоки плати и подобри услови за работа.

СГИП работи и врши притисок кон државата како најголемиот инвеститор да им обезбедува работа на градежните компании.

Евентуалниот колапс на градежништвото би се одразил со домино ефект врз целата македонска економија.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.