Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ДЕБАТА - Македонската економија пред и по пандемијата - Да се јакне социјалниот дијалог во интерес на сите

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски    дебатата на тема:  „Македонската економија пред и по пандемијата“ во организација на Организацијата на работодавачи на Македонија која се одржа на 09.06.2021 година.

На настанот се говореше за македонската економија пред и по пандемијата со Ковид 19, каде говорниците помеѓу кои Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, поранешниот Претседател на ОРМ, Ангел Димитров, Претседателот на Владата, Зоран Заев и Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  зборуваа за актуелните случувања и предизвиците со кои се соочивме изминатиот период, но и можностите за економскиот развој по пандемијата.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски истакна дека како репрезентативен синдикат и актуелен социјален партнер, ССМ будно ја следи и анализира состојбaтa во државата на економски план која во најголем дел е  резултат на ковид пандемијата.

Од почетокот на пандемијата ССМ ја согледа реалната потреба за поддршка на компаниите ,пред се во насока на обезбедување на плата за работниците и  зачувување на работните места , со цел  намалувањето  на последиците и излезот  од здравствената криза солидарно и еднакво да го поднесат и работниците и работодавачите .

 Во таа насока , ССМ како  репрезентативен претставник на работниците и учесник во    социјалниот дијалог во државата , со свои предлози и иницијативи активно придонесуваше  во креирањето на петте пакети на мерки за државна поддршка на економијата . Предлагавме сериозни,издржани и реални  мерки за заштита на животот   и работните места  на работниците и граѓаните и будно реагиравме на секоја злоупотреба  на државната помош наменета за работниците од страна на несовесните  работодавачи.

ССМ инсистираше во петте пакет мерки да им се помногне на работниците и компаниите да ја преживеат кризата ,работниците да ги зачуваат работните места и егзистенцијалните приходи , работодавачите  да ги  ублажат финансиските загуби ,  за да можат и работниците и работодавачите  да им се вратат на своите активности како креатори на економското и општественото живеење  по завршувањето на пандемијата.

Поранешниот претседател на ОРМ, Ангел Димитров  истакна дека иако социјалниот дијалог поаѓа од различни на интереси на синкдикати, работодавачи и на Владата, учесниците треба да бидат подготвени да направат компромис за клучни прашања во интерес на државата и другата страна. Само така, вели, изградените договори можат да го подобрат стандардот на вработените и целокупната економија во државата. Нагласува дека треба да се воспоствува претпиемачка култура и да се подигнува постојано угледот на претприемачите. Оние, пак, кои не ги почитуваат законите или ги кршат работничките права да се објават јавно и да се санкционираат, а не сите да се стават во ист кош.

Главната порака од настанот е „Да се јакне социјалниот дијалог во интерес на сите“

Сојузот на синдикатите на Македонија од страна на Организацијата на работодавачи на Македонија доби и благодарница за успешна и дологодишна соработка.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.