Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС НА РАБОТНИЦИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА ССМ - МОИ РАБОТНИЧКИ ПРАВА

Сојузот на синдикатите на Македонија, слушајки ги предлозите на работниците за потребата од поголема достапност за овозможување на бесплатна правна заштита воведе нова алатка, ССМ - мои работнички права Google Play: https://cutt.ly/3bbqgKB

App Store: https://cutt.ly/Jbbqlc7 која претставува прва мобилна апликација преку која работниците и граѓаните им се овозможува преку користење на своите мобилни телефони да пријават прекршување на работничките права до Сојузот на синдикатите на Македонија.

Апликацијата нуди можност за

Пријавување на прекршено право за себе и за друго лице

Анонимно пријавување

Директна комуникација со претставници на ССМ

Следење на вести и совети од ССМ

Анонимното пријавување како опција се користи најмногу од страна на работниците и претставува 62% од вкупниот број на пријави за прекршени работнички права.

Работниците највеќе пријавуваат прекршување на работничките права и тоа од пријавите преку апликацијата:

-61 % се во врска со плата, прекувремена работа, право на минимална плата, надоместоци, додатоци и придонеси од плата

-18 % се во врска со нарушено право на годишен одмор и право на регрес за годишен одмор

-12 % се во врска со промена на договорите за вработување, престанок на работен однос,

-5 % се во врска со безбедност и здравје при работа и

-4 % се во врска со правата на синдикалниот претставник и колективното преговарање

Типот на пријави во најголем дел или 63% се жалби, 22% се за прекршоци и 15% се барања.

59% од пријавите се затворени и по истите веќе е постапено од страна на ССМ или Државниот инспекторат за труд, а 29% од пријавите се во процедура, а 12% се отворени за кои се чека дополнителни информации од работниците во врска со прекршувањата на нивните права од работен однос.

Согласно статистиката од апликацијата ССМ – мои работнички права, пријавите се во 87 % од вработени, а 13 % од пријавите се од невработени лица или лица на кои им бил прекинат работниот однос.

Апликацијата е изработена со помош на Меѓународната организација на трудот и проектната канцеларија Зајакнување на социјалниот дијалог.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.