Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Ние се залагаме за почитување на сите права од работниот однос

Почитување на човековите права и слободи

ССМ се залага за почитување на човековите права и слободи.
Бидејќи во вечниот судир меѓу трудот и капиталот - работниците се секогаш послабата страна, работничката моќ се состои само во силна синдикална организација, во силно меѓународно синдикално движење и во бројноста на членството. ССМ смета дека мора да се води постојана борба против кршењето на основните права на работниците, односно да се застане во одбрана на основното човеково достоинство.

Правна држава, демократија и слободен пазар

ССМ се залага за правна држава, демократија и слободен пазар.

Методите за остварување на овие цели се: засилување на социјалниот дијалог и социјалното партнерство, учество во одлучувањето во институциите на системот, колективното договарање, заштитата на работниците, меѓународната соработка, образованието на членството и објективното информирање на јавноста. Приоритетен начин за остварување на целите се преговорите и договорите со социјалните партнери.

Доколку преговорите не дадат резултат се организираат индустриски акции, меѓу кои се штрајковите.

Уредно пријавени работници

ССМ бара сите работници да бидат уредно пријавени, да примаат редовна и достоинствена плата.  За да се постигне оваа цел прв чекор кон засновање на работниот однос треба да е потпишување на Договор за вработување.

СОДРЖИНА НА  ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

  1. Податоци за договорните страни;
  2. Датум на стапување на
  3. Назив на работното место и краток опис на работните обврски
  4. Информација за ризиците на работното место, доколку такви постојат и за мерките кои се преземени во врска со безбедноста и здравјето на работниците;
  5. Место на вршење на работата;
  6. Времетраење на работниот однос
  7. Одредба дали се склучува работен однос на полно или на неполно работно време
  8. Одредба за дневно или неделно работно време и негово распоредување Висината на основната плата изразена во пари и додатоците;
  9. Одредба за надоместоците од плата;
  10. Одмори и паузи (дневни, неделни и годишни);
  11. Наведување на општите акти на работодавачот во кои се определени условите за работа;
  12. Начин и услови за  престанок на работниот однос и отказен рок;
  13. Други права и обврски определени со КД или друг закон (забрана за штетно делување и надомест на штета, обврска за чување на деловна тајна , конкурентска забрана и конкурентска клаузула.

Редовна и достоинствена плата

  • ССМ бара сите работници да примаат редовна и достоинствена плата.
  • Во Република Македонија платите се уредени со закони и колективни договори:
  • Закон за работни односи;
  • Колективни договори;
  • Закон за исплата на плати во РМ;
  • Закон за државни службеници;
  • Закон за плати на членови на судскиот совет на РМ;
  • Закон за плати на судиите;
  • Закон за платите на јавните обвинители;
  • Закон за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во РМ;
  • Закон за плата и други надоместоци на пратениците во собранието на Република Македонија и други избрани и именувани лица во Републиката;
  • Закон за минимална плата во РМ;

Законот за работни односи  - ЗРО

ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА:

  • Правото на работникот на заработувачка
  • (согласно со закон, колективен договор и договорот за вработување).
  • Утврдено е дека платата секогаш се исплаќа во парична форма.
  • Законот ја дава и структурата на платата која ја формираат:
    •  основната плата
    •  дел од платата за работната успешност и
    •  додатоците
  • Дадена е можноста работодавачот на работникот да му исплати 13-та плата, доколку работодавачот има можност да ја исплати.

ИСПЛАЌАЊЕ НА ПЛАТА

Ден на исплаќањето на платата

  1. Платата се исплатува за периоди кои не смеат да бидат подолги од еден месец.
  2. Платата се исплаќа најдоцна 15 дена по изминувањето на исплатниот период.
  3. Ако денот на исплаќањето е слободен ден, платата се исплаќа најдоцна идниот прв работен ден.
  4. Работодавачот е должен претходно писмено да ги извести работниците за денот на исплаќањето и за секоја промена на денот на исплаќањето.

Посебно плаќање на прекувремениот труд

Основната плата на работникот се зголемува кога работникот работи во услови потешки од нормалните за определено работно место:

Со колективен договор се утврдуваат потешките услови за работа од нормалните за одделни работни места и износот на зголемувањето по тој основ не зависи од висината на платата на работникот, туку се утврдува во единствен износ за сите работници што работат во тие потешки услови на работа.

  • Kога работникот работи во услови кои произлегуваат од распоредот на работното време, oсновната плата на работникот се зголемува по час најмалку за:
    • прекувремена работа: 35%
    • работа ноќе: 35%
    • работа во три смени: 5%
    • работа во ден на неделен одмор: 50%
  • За работа во денови на празници и неработни денови  утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%.
  • Додатоците, меѓусебно не се исклучуваат.
  • Правото на зголемен надоместок по основ на работа во три смени работникот го остварува само за ефективно поминато работно време во смени.    
  • Основната плата на работникот се зголемува за 0,5% за секоја година работен стаж.     
  • Работодавачот може, доколку не организирал исхрана за време на работа или нема организиран превоз до и од работното место, на работниците да им ја зголеми платата во висина што ќе ја определи во договор со синдикатот.

Право на годишен одмор

Одмор - претставува прекин на физичките и интелектуалните, односно работни активности и функции на вработеното лице во текот на работното време.  
Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не може да се откажат.

ВРАБОТЕНИОТ ИМ ПРАВО НА:

  • Пауза
  • Одмор меѓу два дена
  • Неделен одмор
  • Годишен одмор
  • Платен Одмор

Платениот одмор претставува платено отсуство од работа, најмногу до 7 работни дена заради некои оправдани лични, сејмени околности:

  • за склучување на брак на дете - 2 дена;
  • за склучување на брак -3 дена;
  • за селидба во ист град - 1 ден; селидба во друг град - 2 дена;
  • за посвојување на дете - 2 дена;  
  • за елементарни непогоди - 7 дена;
  • за смрт на баба или дедо - 1 ден 
  • за смрт на сопружник или дете - 5 дена
  • за смрт на родител, брат, сестра - 2 дена
  • за смрт на родител на сопружник - 2 дена
  • за полагање на испит за потребите на работодавачот - 3 дена,  и тн.
  • Деновите на платениот одмор не може да изнесуваат повеќе од 7 дена.

Плаќање на сите придонеси

ССМ бара сите работници да бидат уредно пријавени и да се плаќаат сите нивни придонеси.

При пресметка на платата треба да се знае дека обврзник за плаќање на придонесите од плата е работникот, а истите во име на работникот ги пресметува и уплатува работодавачот при пресметката за плата како процент од бруто платата.

СТАПКИ ПО ВИДОВИ СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ И ПРОСЕЧНА ПЛАТА ПО РАБОТНИК

Вид на придонес Стапка за 2010-2015 Стапка за 2009
Задолжително пензиско и инвалидско осигурување 18% 19%
Задолжително здравствено осигурување 7,3% 7,5%
Дополнителен придонес за здравствено осигурување  за случај на повреда на работа и професионално заболување 0,5% 0,5%
Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност 1,2% 1,4%

 

Придонес за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење Стапка за 2011-2015 Стапка за 2010 Стапка за 2009
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци 9% 9% 9,5%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци 7,5% 7,5% 7,92%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци 6% 6% 6,33%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци 4,5% 4,5% 4,75%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци 3% 3% 3,17%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци 1,5% 1,77% 1,77%

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.