Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОБУКА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ССМ И СИНДИКАТИТЕ

Сојузот на синдикатите на Македонија во соработка со Центарот за истражување и креирање политики на 19.07.2021 година организираше обука посветена на јакнење на капацитетите на синдикатите од државата.

На обуката учествуваа претставници на ССМ од Регионалните синдикални претставништва и Синдикални канцеларии како и претставници од гранските синдикати здружени во ССМ.

Учесниците имаа можност да се стекнат со знаења за европските политики од областа на индустриските односи и детално да им бидат образложени моделите за поактивно вклучување на работниците во процесот на донесување одлуки и раководењето во претпријатијата.

Акцентот беше ставен на работничките совети, со посебен осврт на искуствата од европските земји и европските работнички совети (ЕРС). Дел од обуката беше посветена на давање насоки, совети и препораки како целосно да се применат постојните начини за информирање и консултирање на вработените и како да се создадат можности за нивно поактивно учество во раководењето на претпријатието, тргнувајќи од важечката правна рамка.

Предавачи на обуката беа проф. д-р Лазар Јовевски и Слободан Трендафилов.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.