Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ОДРЖАНА ПЛЕНАРНА СЕНИЦА НА РСС „СОЛИДАРНОСТ“

7-10.5.2016

Во рамките на проектот „На пат кон ЕУ“, во периодот од 7 до 10 мај 2016 година, во Бечиќи- Црна Гора, беше одржана пленарната седница на Регионалниот Синдикален Совет „Солидарност“. На оваа седница присуствуваа претседателите на синдикати од земјите од  бивша Југославија.

На седницата беше извршено примопредавање на претседавањето од Македонија на Црна Гора.

Главни теми кои беа опфатени на седницата се однесуваа на актуелните состојби со законската регулатива во земјите, извештајот од извршниот одбор на Меѓународната конфедерација на синдикати (МКС), извештајот од Извршниот одбор на Европската конфедерација на синдикати (ЕКС) како и креирање на регионална база на податоци за грански колективни договори.

На седницата присуствуваше и Петар Нимиц, советник на генералниот секретар на ЕКС, кој даде голема поддршка на оваа регионална соработка и истакна дека преку овој проект се прави спој од сите различни елементи на работа и искуство

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2026 | Сите права се задржани.