Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА БЗР, СГИП ПОТПИША ДЕКЛАРАЦИИ СО РАБОТОДАВАЧИТЕ ЗА ЗДРАВИ И БЕЗБЕДНИ РАБОТНИ МЕСТА

СГИП по повод денешниот ден со дел од своите синдикални организации како и членството кое го имаме во Европската и Светската организација за градежништво и дрвна индустрија имаше активности со потпишување на Декларации помеѓу синдикални претставници и работодавачи.

Се чини дека никогаш порано безбедноста и здравјето на работа не биле толку важни како денес. Здравите и безбедни работни места претставуваат значителен придонес што работодавците, синдикатите и работниците треба да го дадат во глобалното дејствување за надминување на пандемијата од КОВИД-19.

Поради пандемијата се соочивме со нови и невидени предизвици за одржување на продуктивноста, останувајќи безбедни. Многу работодавачи препознаа дека обезбедувањето безбедно и здраво работно место има економска смисла. Синдикатите од прва рака признаа дека работниците се оние кои сериозно го сфаќаат вирусот и безбедноста и здравјето, но многу работници и немаат услови за безбедна работа па сето ова претставува значителен ризик за ставање крај на пандемијата и враќање на социјална и економска стабилност ширум светот.

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија - СГИП признава дека ќе биде потребно сите засегнати страни да работат заедно за да се реши оваа здравствена криза, а со тоа да можеме да имаме значително и долгорочно влијание врз здравјето и безбедноста на сите работници. Затоа, апелираме до сите работници и работодавачи да ни се придружат во нашата работа за да се постигне здравје и безбедност за сите.

За таа цел СГИП по повод Светскиот ден за Безбедност и здравје при работа, 28ми Април, успеа да потпише четири декларации помеѓу синдикалните претставници и нивните работодавачи, а истите ќе бидат споделени и во Европската федерација за градежништво и дрвна индустрија - EFBWW и Meѓународната организација за градежништво и дрвна индустрија – BWI.

Со оваа заедничка посветеност на практиките за здрави и безбедни работни места, работата не треба да ги чини работницити изгубени екстримитети, здравје или живот. Резултатите се постигнуваат кога синдикатите и работодавачите соработуваат за заеднички цели за здравјето и безбедноста при работа кон работните места со нула смртни случаи и каде што се решаваат ризиците од професионални болести и несреќи.

Човечкото право на „безбедни и здрави услови за работа“ е признато во Пактот на Обединетите нации за економски, социјални и културни права. Колективната и споделена обврска за здравјето и безбедноста при работа исто така е силно одекната во Целите за одржлив развој на ООН 2030 година. Со текот на годините по Декларацијата на МОТ за основните принципи и права при работа во 1998 година, безбедноста и здравјето станаа уште поелементни и за синдикатите и за работодавачите. Справувањето со ризиците по здравјето и безбедноста со пандемијата од КОВИД-19 е најновиот пример.

Ние сме посветени да го поддржиме признавањето на здрави и безбедни работни места како основно право. Глобален консензус за ваква промена ќе поттикне примена на добри стандарди за здравје и безбедност при работа и ќе ги охрабри земјите и компаниите да бараат конкурентска предност заснована на супстандардни услови и практики.

ЗДРАВИТЕ И БЕЗБЕДНИ РАБОТНИ МЕСТА СПАСУВААТ ЖИВОТИ

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.