Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС- 1ви Мај- Меѓународен ден на трудот- 2018

 

ПРВОМАЈСКИ ПРОГЛАС 2018

-110 ГОДИНИ СИНДИКАЛНО ДВИЖЕЊЕ-

ПАТИШТАТА СЕ РАЗЛИЧНИ, ЦЕЛТА Е ЕДНА

 

Сојузот на синдикатите на Македонија и Република Македонија во 2018 година одбележуваат значаен јубилеј– 110 години синдикално движење и синдикално организирање во државата.

Јубилеј за почит, со огромно и непроценливо значење во борбата за  обезбедување на работничките права и унапредување на  работничкото движење во државата.

Со гордост и особено задоволство истакнувам дека ССМ е најзначаен дел од оваа синдикална историја чија активност континуирано продолжува да биде обележје на синдикализмот во државата.

ССМ функционира како најстар, репрезентативен синдикат и социјален партнер во државата и приоритетно се залага за активности и мерки кои ќе придонесат  за заживување и развој на економијата како база за целокупен напредок на општеството.

Како организација која делува согласно Уставот, законите, Европската социјална повелба, фундаменталните конвенции на МОТ и сопствените статутарни определби, а приоритет во нејзините делувања се правата, интересите и потребите на работниците, сакаме да потенцираме дека ги поддржуваме сите активности за економски развој на РМ, но апелираме дека економските мерки треба и мора да се одвиваат паралелно и истовремено со  мерки  кои ќе обезбедат социјална сигурност и социјална правда за сите граѓани на РМ, намалување на сиромаштијата и социјална инклузија на ранливите категории на населението.

ССМ се залага за економски и социјален напредок кој ќе овозможи:

Подобрување на социјално– економската положба на работниците и граѓаните,

Сигурни, реални и одржливи работни места,

Повисоки плати, повисока минимална плата,

Намалување на сиромаштијата и социјална инклузија,

Формализација на неформалната економијаЗа подобар Закон за работните односи и остварување, заштита и унапредување на работничките права

Здрави и безбедни услови за работа и заштита на животната околина,

Усогласување на националното со европското и светското законодавство,

Недискриминација и еднакви можности за граѓаните и работниците

Стоп за мобингот на работните места,

Унапредување на социјалниот дијалог,

Подобар ОКД за приватниот сектор во областа на стопанството и обезбедување на работничките права со ОКД за јавен сектор.

Социјална сигурност, повеќе услови за пензионирање и неприфаќање на  зголемување на годините на возраст за остварување на правото на пензија,

Обезбедување на регрес за годишен одмор за сите вработени во државата,

Пристојна работа и  достоинство на трудот.

ССМ се залага за унапредување на синдикалното движење, силни, бројни и активни синдикати.  

Свесни сме дека силата на синдикатите е во нивната бројност, организираност и оспособеност за стручно, издржано и соодветно преговарање и застапување на интересите и положбата на работниците во општеството.

Стручни и синдикално обучени работници се перспективата на синдикалното движење, кое пак е значајна карика во трипартитниот социјален дијалог на државата како креатор на сите стратегии и политики во општеството.

Младите се наш приоритет тие се иднината на синдикатот и основна движечка сила за развој и напредок на државата.

Ве повикуваме да станете дел од синдикалното членство, заедно ќе бидеме посилни, поорганизирани и поспремни да одговориме на предизвиците кои ни претстојат во борбата за остварување на работничките права и обезбедување на улогата на синдикатот како социјален партнер и учесник во креирањето на политиките за економски и социјален развој на државата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.