Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИНДИКАТИТЕ ЗДРУЖЕНИ ВО ССМ ОДРЖАА ТРИБИНА ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА КОВИД-19 КАКО ПРОФЕСИОНАЛНО ЗАБОЛУВАЊЕ

Денеска, претставници од синдикатите здружени во ССМ, на која присуствуваа и Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски заедно членовите на Националниот советот за безбедност и здравје при работа, Киро Трајковски, Иван Пешевски, Миќо Стојановски и Игор Герасов, учествуваа на трибина организирана од Сојузот на синдикатите на Македонија на тема КОВИД – 19 ДА СЕ ПРИЗНАЕ КАКО ПРОФЕСИОНАЛНО ЗАБОЛУВАЊЕ ЗА СИТЕ РАБOТНИЦИ И ЗА ОТСУСТВОТО ОД РАБОТА ПОРАДИ ЗАРАЗА, ИЗОЛАЦИЈА И САМОИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ ИЗЛОЖЕНОСТ НА KОВИД 19, ИСПЛАТАТА ДА ИЗНЕСУВА 100% ОД ОСНОВИЦАТА УТВРДЕНА СО ЗАКОН.

ССМ бара заедничко интегрирано делување на социјалните партнери, научната, стручната јавност и граѓанскиот сектор, затоа што здравите и безбедни услови за работа бараат мултидисциплинарен пристап во решавањето на проблемите.
Неопходно е ефикасно делување, инспекциските органи и контрола од нивна страна, со цел да се откријат навремено слабостите и да се заменат со решенија кои ќе значат унапредување на здравите и безбедни услови за работа, согласно меѓународните стандарди и препораки, пред сѐ, кога станува збор за актуелната состојба на заштита и сузбивање на заразната болест предизвикана од вирусот Ковид 19.

Истовремено, Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија во текот на вчерашниот ден на својата седница донесе Одлука, да се достави барање до Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство со барање  КОВИД – 19 ДА СЕ ПРИЗНАЕ КАКО ПРОФЕСИОНАЛНО ЗАБОЛУВАЊЕ ЗА СИТЕ РАБOТНИЦИ И ЗА ОТСУСТВОТО ОД РАБОТА ПОРАДИ ЗАРАЗА, ИЗОЛАЦИЈА И САМОИЗОЛАЦИЈА ПОРАДИ ИЗЛОЖЕНОСТ НА KОВИД 19, ИСПЛАТАТА ДА ИЗНЕСУВА 100% ОД ОСНОВИЦАТА УТВРДЕНА СО ЗАКОН.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.