Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Состанок на Одборот на млади на ITUC PERC

Денес се одржа онлајн состанок на Одборот на млади на Пан- европскиот регионален совет, ITUC PERC, каде Секцијата на млади на ССМ е член.

На состанокот членовите на Одборот ја презентираа тековната ситуација со пандемијата со корона вирусот во земјите членки, со посебен акцент на положбата на младите луѓе и предизвиците со кои тие се соочуваат.

Повторно беше нагласена констатацијата дека младите луѓе се едни од најранливите лица кои претрпеа огромен број на загубени работни места во изминатиот период и за кои треба да се поведе вистинска грижа и заштита од страна на креаторите на политките преку инклузивен социјален дијалог.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.