Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ССМ АПЕЛИРА ШТО ПОСКОРО ДА СЕ РЕШИ СТАТУСОТ НА ОКОЛУ 4.700 НАСТАВНИЦИ И СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Сојузот на синдикатите на Македонија укажува дека е огромна потребата на работниците нивниот работен статус да биде регулиран со договори за вработување на неопределено време, а поради тоа е и главното наше барање договорите за вработување на определено време да бидат најмногу до една година уште повеќе поради случајот со околу 4.700 наставници и стручни соработници во образованието кои зависат од одлуката на пратениците за решавање на нивниот егзистенцијален статус, за обезбедување на сигурна и достоинствена работа и плата.

ССМ како единствен репрезентативен синдикат во јавниот сектор и во приватниот сектор секогаш застанува во одбрана на работниците и своите ставови ги искажува јавно и транспарентно се залага и се бори за сите работници во сите сектори вклучително и во секторот образование.

Поради недостатокот на заштита на работниците во образованието, ССМ ќе ги организира просветните работници во рамките на Сојузот на синдикатите на Македонија во еден нов прогресивен синдикат за образование кој секогаш ќе стои во одбрана на нивните работнички права, а работниците слободно ќе можат да ги искажат своите ставови и заедно со ССМ да ги остварат своите права.

Со постапките на сите чинители во општеството потребно е заднички да придонесеме, работниците од образованието да се чуствуваат достоинствено и да не се плашат за сигурноста на своите работни места.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.