Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ЗА ДА ИМАШ ДОБАР ПЕРСОНАЛ, ГРИЖИ СЕ ДОБРО ЗА ПЕРСОНАЛОТ

Сојузот на сидикатите на Македонија, како единствен репрезентативен синдикат и актуелен социјален партнер, будно ја следи и анализира состојбaтa во државата на економски план.

Формализирањето на неформалната економија е област од висок приоритет за Сојузот на синдикатите на Македонија.

Според Државниот завод за статистика неформалното вработување учествува со 13,55% од вкупното вработување во земјата.

Зачестеноста на неформалното вработување има негативни последици на економијата, за работните услови воопшто и за процесот на крерирање на политиките.

Анализата на ССМ како репрезентативен синдикат говорат дека работниците во неформалната економија не ги остварува работничките права согласно закон, заработуваат помалку од оние во формалниот сектор, имаат нестабилен приход и немаат пристап до задолжителните социјални фондови, а синдикатите до сега не можеа да им овозможат правна заштита.

ССМ како актуелен социјален партнер е вклучен во сите активности за намалување и елиминирање на сите причини кои ја предизвикуваат неформалната економија а тоа се : нелојална конкуренција, намалување на сиромаштијата, обезбедување на продуктивно вработување преку креирање на одржливи работни места, реформирање на даночниот систем и поедноставување на регулатива за формирање и регистрирање претпријата и нивно вклучување во формалната економија,

ССМ како релевантен и репрезентативен социјален партнер, активно учествува и се залага во креирањето на политиките и стратегиите на пазарот на труд чија основна цел е ублажувањето на невработеноста и намаливање на стапката на сиромаштијата.

ССМ и другите социјални партнери исто така спроведуваа мониторинг и евулација на стратегиите политиките за вработување и активните мерки за пазарот на труд.

ССМ ја следеше реализацијата во текот на годините на Програмите во Оперативниот план, за кој смета дека се насочени кон поттикнување паметен, одржлив и инклузивен раст на вработеноста.

ССМ со вклученоста на изготвување на ЗРО се залага за донесување на закони и измени и дополнувања на постојната законска регулатива кои ќе овозможат поголема мотивираност на работниците, но и на работодавачите за формализирање на трудовите односи, односно за унапредување на формалната економија.

Сметаме дека од особено значење за намалување за неформалната економија е активната улога на Државниот инспекторат на труд. Од тие причини ССМ и ДИТ спроведуваат заеднички активности за откривање на непријавени работници во компаниите и регулирање на нивниот работен однос со склучување на договори за вработување.

Став на ССМ е дека намалување на неформалната економија и негативните последици од истата може да се очекува единствено доколку се спроведат интегрирани, заеднички активности на сите институции во државата. Само со почитување на законите и нивна имплементација, а воедно и нивна контрола со спроведувањето од страна на ДИТ, ќе може да се надеваме на фер односи, нов систем на вредности и унапредени права од работен однос кои се најбитни во државата, бидејќи преку вредноста на трудот на работникот расте и вредноста на институциите, компаниите, а со тоа и вредноста на самата држава.

Апелираме до работниците да ја користат новата бесплатна мобилна апликација ССМ - мои работнички права која ја изработивме заедно со Меѓународната организација на трудот, а преку која работниците можат да пријават прекршено работничко право за себе и за друго лице, да пријават анонимно, да комуницираат директно со ССМ и да следат најнови вести и совети од ССМ.

Кампањата се реализира во рамки на проектот на Меѓународната организација на трудот – Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија. За да се обезбеди системски пристап, неопходно е зајакнување на контролата и санкционирање на оние кои не ја почититуваат трудовата регулатива.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2021 | Сите права се задржани.