Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Здружени со иста цел

ЗДРУЖЕНИ СО ИСТА ЦЕЛ

,,Новото нормално,, предизвикано од здравствената – Ковид криза  наметна насекаде во светот вклучително и во нашата држава потреба од брзо, ефикасно и стручно делување на сите субјекти со цел да се обезбеди  функционирање и развој на економските и општествените односи.

Во овие услови се покажа дека социјалното пратнерство е единствено можно решение за креирање на политики и стратегии  и дека сите социјални партнери треба и мора да делуваат здружени за иста цел - национален  опстанок и развој.

Со својота посветеност и  стручен ангажман насочен кон намалување на последиците од здравствената криза врз животот и здравјето на работниците и граѓаните, ССМ докажа дека  е важен дел од  социјалното партнерство .

Нашето стручно,  модерно и брзо  делување и обезбедување на  ефикасна онлајн достапност за потребите на членството  и во услови на Ковид криза, обезбеди сигурен пристап  до  трудовите  и егзистенцијалните права  на сите работници и граѓани без исклучок и дискриминација.

Ваквото ново и ребрендирано делување на ССМ е негова определба и предизвик и за  престојниот  период во кој ќе насојуваме нашите ангажмани да бидат поефикасни и повидливи за членството и работниците. Ги очекуваме нивните иницијативи и насоки затоа што сите ние сме ЗДРУЖЕНИ СО ИСТА ЦЕЛ – остварување, заштита и унапредување на работничките права.

Членството е нашата сила, неговата доверба е наша моќ и  мотив за делување, сите ние заедно здружени во ССМ сме насочени кон иста цел – обезбедување на достоинство на трудот и работата изразено преку: повисоки ,реални  и фер плати , намалување на сиромаштијата , социјална сигурност , унапреден социјален дијалог, здрави и безбедни услови за работа , заштита на човековата околина , солидарност и еднаквост без дискриминација по ниеден основ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.